Вести Македонија

Протест во Бутел – со сметки се пожалија и се заканија – нема да застанат се додека не им се корегираат фактурите

Од 14 и до 100 илјади денари.Со сметки во рака дојдоа, се пожалија и се заканија – нема да застанат се додека не им се корегираат фактурите.

„ 2200 корегирани сметки вика има само направено. Што се случи со таа корекција? изјави жител на Арачиново.

„Бараме од ЕВН да преземе итни мерки за решавање на овој проблем, доколку не видиме конкретни дејствија протестите ќе ги продолжиме секоја недела додека не се најде праведно решение за сите граѓани“ изјави жител на Арачиново.

„Сите паметуваат во Арчиново да се најде, зошто таму се прават проблеми се гонат ЕВН, тоа не било никогаш. Еве кај мене јас со чај сум ги чекал, со благо. Кој ги нападнал? Kрадецот се бараше во Арчиново, значи не бил крадецот. Тука е крадецот, ама кој ќе ги брка нив?“ изјави жител на Арачиново.

Од ЕВН преку соопштение објаснуваат со колку кражби се соочуваат во последните месеци токму од овие општини од каде што протестираат. Велат дека инвестиции направиле големи, но жителите од овие места постојано ја уништуваат опремата и повторно наоѓаат начин диво да се вклучат и да крадат струја.

„Кражбите на електрична енергија во овие населби се над 50%. Само во последните шест месеци има над 100 записници за кражби во присуство на МВР. Кај дел од потрошувачите како резултат на овие инвестиции за прв пат се отчитува точно потрошена електрична енергија“ велат од ЕВН.

Додаваат дека најголем дел од броилата редовно се читаат. Оние кои не се исчитани се во рурални средини тешко достапни и со затворени мерни уреди. За високи фактури се пожалија 15 илјади граѓани, а корекција имале само 2200 сметки. Од ЕВН, тврдат дека бројот на поплаки во однос на претходната година е намален.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе