Балкан Вести Најважни Свет

Српската опозиција со солзавец и димни бомби ја попречува работата на Собранието

Шок бомби, факели и солзавец, свирежи, скандирања, фрлање предмети, и активирање на противпожарни апарати во задимена сала со безброј закачени знамиња и транспаренти. Не, ова не е тепачка на трибини на дербите меѓу двата вечни ривали во Белград, туку седница на српскиот парламент.

„Седнете за да работиме, седнете за да работиме!“ повика Ана Брнабиќ – Претседателка на српското Народно Собрание.

Причина за оваа сцена во српскиот законодавен дом беа повеќе точки од дневниот ред, меѓу кои гласањето на измените на законот за високо образование и оставката на владата и претседателакта со Собранието Ана Брнабиќ.

„Ги замолувам пратениците на мнозинството да се врата на своите места, имаме работа која мораме да ја завршиме. За граѓаните на Република Србија мораме да го усвоиме Законот за високо образование, и со тоа да ги исполниме барањата на студентите“ посочи Ана Брнабиќ – Претседателка на српското Народно Собрание.

Во инцидентот се повредени две пратенички, а трета пратеничка доживеала мозочен удар и се наоѓа во критична состојба, соопшти министерот за здравство Златибор Лончар.

Метежот внатре во салата на српското Собрание, беше пропратен со протест надвор пред зградата. Специјалци набрзина беа распроедени во и околу зградата на Собранието.

Инцидентите во Собранието се само рефлексија на длабоките политички поделби во Србија по повеќемесечните протести на студентите, кои започнаа со барање на одговорност за уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе