Во тетовскиот суд се одложи судењето за сообраќајката во која живото го загуби 22-годишната Теодора Ристовска.
Судијата информираше дека отсути се обвинетиот Менсур Пајазити и неговиот адвокат.
Вчера во судот пристигнало известување дека Пајазити се наоѓа на болничко лекување во Тетовската клиничка болница во одделот за интерна медицина и судењето се одложи за 27 март.
Летото 2022 година Теодора беше прегазена на пешачки премин во Тетово од БМВ кое го управувал двојно постариот Менсур Пајазити. Тетовскиот суд во ноември 2023-та пресудува три ипол години затвор за возачот.
Тој се жали на висината на казната и бара помала. Вишото јавно обвинителство во Гостивар се согласува со неговата жалба, па Апелациониот суд во Гостивар ја намалува казната на Пајазити, на две години затвор.
Без да се извршува казната, осудениот се упатува на Врховен суд кој го уважува неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и поништува се што е донесено претходно.
Две и пол години по несреќата, овој предмет е повторно пред тетовскиот суд.
Сестрата на Теодора денеска од пред тетовскиот суд побара правда очекува максимална казна и прашува зошто вишото гостиварско обивнителство се согласило со жалбата на обвинетиот.