Вести Економија Најважни

ССМ го достави предлогот за минимална плата од 500 евра

Синдикатите пoбараа минималната плата од 500 евра, а придонесите на разликата од висината на моменталната минималната плата до 30.000 денари, односно за зголемувањето од 6.000 денари да ги субвенционира државата.

Дополнително бараат зголемување на нето платата во нето износ од 6.000 денари да биде задолжително и за работодавачите во приватниот сектор кои исплаќаат плата и над минималната, а за зголемувањето од 6.000 денари придонесите да ги субвенционира државата во период од 12 месеци.

Од Владата претходно соопштија дека оставаат простор договорoт да падне меѓу синдикатите и работодавачите, додавајќи дека немаат ништо против ако работодавачите можат да исплаќаат минималец повисок од законскиот, но дека субвенционирањето придонеси не е во нивната агенда.

Од ССМ изразија недеж дека работодавачите ќе покажат добра волја и ќе го прифатат нивното барање, а Владата ќе ја одигра клучната улога да ги субвенционира придонесите.

Од ССМ велат дека минималната плата треба да обезбеди минимум материјална сигурност за работниците.

Синдикалците апелираат пратениците како што беа сложни за патните трошоци во Собранието да бидат сложни и за платите.

Синдикалците не ја исклучуваат можноста и за генерален штрајк доколку се нема слух за нивното барање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе