Заврши самитот во Лондон на кој присуствуваа европските лидери и Зеленски. Договорени се четири чекори: Да се задржи воената помош во Украина додека трае војната и да се зголеми економскиот притисок врз Русија; Секој траен мир мора да го обезбеди суверенитетот и безбедноста на Украина, а Украина мора да биде на маса за какви било мировни преговори.
,,Значи, денеска договоривме некои важни чекори. Прво, ќе продолжи да тече воената помош и ќепродолжиме да го зголемуваме економскиот притисок врз Русија за да зајакне Украина сега.Второ, се согласивме дека секој траен мир мора да го обезбеди суверенитетот и безбедноста на Украина, а Украина мора да биде на маса. Трето, во случај на мировен договор ние ќе продолжиме да ги зајакнуваме сопствените одбранбени способноста на Украина за дополнително да ги развиеме нашите одбранбени способности. Четврто, ќе одиме понатаму за да развиеме коалиција за бранење на договорот во Украина и да го гарантираат мирот.” – вели Стармер.
Стармер рече дека се согласува со Трамп за итната потреба за траен мир и дека сега тоа мора да го остварат заедно.Според него и „Русија мора да биде дел од договорот, но нема да може да диктира поставува услови, инаку нема да имаме никаков напредок“.Стармер во одговор на новинарско прашање го отфрли тврдењето дека САД станале несигурен сојузник.
Првиот човек на НАТО, Руте, истакна за БИБИСИ дека се надева дека поддршката за Украина ке продолжи од европските земји, а Урсула Фон дер лајен претседателката на европската унија пак дека Украина мора да биде во позиција на сила. Таа, исто така, испраќа порака до американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи: „Ние сме подготвени заедно со вас да ја браниме демократијата, да го браниме принципот дека постои правна држава дека не можете да го нападнете вашиот сосед или не можете да ги менувате границите со сила“.„Во наш заеднички интерес е да ги спречиме идните војни“, додаде таа..
Во прегратки пред камерите, Зеленски е првиот гостин кој стаса во Лондон.
,, И нашата апсолутна демонстрацијана поддршка кон вас, со непоколеблива решителност, за да го постигнеме она што и двајцата сакаме да го постигнеме, а тоа е траен мир.Траен мир за Украина, толку важен за Европа и за Обединетото Кралство. Затоа со нетрпение ги очекувам нашите дискусии попладнево. Ви благодарам многу што одвоивте време да дојдете ‘’ – вели Стармер.
„Со задоволство, многу ви благодарам Кир, господине премиер, среќен што сум овде. Навистина, видов многу луѓе и сакам да ви се заблагодарам, народе на Обединетото Кралство, толку голема поддршка од самиот почеток на оваа војна. Ви благодарам, и на вашиот тим, и многу сум среќен што неговото височество Кралот ја прифати мојата средба утре. И ние сме многу среќни во Украина што имаме таква стратегија. Со вас потпишавме историски документ“. – вели украинскиот претседател.
Пред одржувањето на збирнит самит Стармер на тет а тет средба седнува со италијанската премиерка Мелони.А, Денешната средба во Лондон е трет европски самит посветен на Украина изминатите две недели.Украина беше фокусот и на Меѓународниот самит во Киев на 24 февруари, на кој присуствуваа канадскиот премиер, неколку европски лидери, како и претседателската на европската комисија .
Марија Коцева