Без сон и ноќ мината во службениот авион од овалната соба , Зеленски директно се пресели на Даунинг стрит во Лондон. Толпата собрана надвор извикувала додека колоната на претседателот се движеше од Вајтхол, објави Скај њуз, наведувајќи дека Стармер „намерно“ излегол на улица за да го поздрави Зеленски..
„Имате целосна поддршка низ Обединетото Кралство и ние стоиме покрај вас и Украина колку што е потребно“, му рекол британскиот премиер на украинскиот лидер Володимир Зеленски пред состанокот во Даунинг стрит, пренесува Скај њуз. Велика Британија, е домаќин на европските лидери и лидерите на земјите членки на НАТО.
На овој состанок ке присуствуваат повеке од десетина европски лидери со цел да се поттикнат активностите за Украина и безбедноста. Оваа средба беше најавена од Кир Стармер британскиот премиер кој соопшти дека имал телефонски разговор и со Зеленски, и со Трамп.
Вчерашната жестока средба на Трамп и Зеленски предизвика бурни реакции во светски рамки. Гореше и интерентот со емотивни пораки, а со директна поддршка прединачеа оние на Европските лидери. Премиерите на Полска, Шпанија,Шведска,Естонија и многу други ја истакнаа дека Украина не е сама и стојат зад неа. Европската унија порачаа дека Зеленски ја има нивната подршка.
Вашето достоинство и оддава почит на храброста на украинскиот народ. Бидете силни, храбри, бестрашни. Никогаш нема да бидеш сам, драг претседателе. „Ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и одржлив мир“, напиша фон дер Лајен на платформата X.
Има агресор, тоа е Русија, има нападнат народ, тоа е Украина. Мислам дека бевме во право што и помогнавме на Украина и ја санкциониравме Русија пред три години и продолживме да го правиме тоа – изјави Макрон за медиумите во Португалија.
По вчерашната средба, Трамп истакна дека Зеленски одиграл погрешно .Висок претставник на Белата кука истакна дека Трамп во моментов не е заинтересиран за обновување на договоротот за минерали.Трамп појасни што треба да направи Зеленски за да имаат повторно разговор.
,,Тој мора да каже: Сакам да направам мир. Тој не мора да зборува негативно за Путин. Тој мора да каже: Сакам да направам мир.Ја не сакам да водам повеќе војна. Неговите луѓе умираат.- истакна Доналд Трамп, претседателот на САД.
Анонимен извор од Белата куќа за Њујорк Тајмс изјави дека е можно Трамп да ја укине помошта за Украина. На ваквото новинарско прашање пак, Трамп возврати во неутрален одговор.
Не е важно што размислувам јас. Ја само ви кажувам. Го видовте тоа што го видов и јас. Тоа не беше човек што сака мир. Јас сум само заинтересиран дали сака да стави крај на крвопролевањето. Ви благодарам многу.’’ – истакна Доналд Трамп, претседателот на САД.
Генералниот секретар на Нато пак, Марк Руте изјави за бибиси дека побарал од Зеленски да најде начин за да ги поправи односите со Трамп.
„Она што му го кажав на претседателот Зеленски е: „Верувам, драг Володимир, дека вие треба да најдете начин да ги поправите вашите односи со Доналд Трамп и американската администрација“. – истакна Марк Руте, генералниот секретар на НАТО.
Зеленски во интервју за Фокс Њуз истакна дека Украина нема да влезе во мировни преговори со Русија додека не добие безбедносни гаранции против друга офанзива.
,,Само примирје без безбедносни гаранции, е многу чувствително за нашиот народ. Говорам како претседател на народ кој е веке три години во оваа војна и тие само сакаат да слушнат дека Америка е на наша страна и дека ќе остане со нас, а не со русите.Со нас. Тоа е се. Но сигурен сум дека така и ќе биде. – вели Володимир Зеленски, претседателот на Украина.
Трамп го прекина синокешниот разговор со Зеленски во белата кука.Првично планираната средба за договор за минерални ресурси, се претвори во расправија.Трамп истакна дека зеленски покажал непочитување кон сад и дека ризикува да почне трета светска војна.
Марија Коцева