Вести Култура

Синдикат на Македонска филхармонија: Конкурсот за избор на директор се спроведува незаконски

Конкурсот за избор на директор на Македонската филхармонија се спроведува незаконски и по секоја цена се оди кон меѓупартиски договорениот кандидат Мустафа Имери, да биде назначен.

Ова е реакцијата која преку соопштение ја испратија од Синдикатот на Филхармонија, во врска со неприфаќањето, како што велат, некомпетентен кадар да ја води оваа национална установа.

Во соопштението, од Синдикатот велат дека дошле до информации, на веќе затворен конкурс, комисијата при Министерството за култура и туризам, што го врши изборот, на Имери му побарала дополнителни документи, што првично не ги доставил.

А, како алиби за тоа, документи се барале и од останатите тројца, од вкупно 5 кандидати, пријавени на конкурсот.

Имаме информација дека Имери не доставил комплетна документација, иако во конкурсот јасно е назначено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Комисијата веќе им дала рок на кандитатите кои не доставиле уредна документација да ги достават потребните документи во рок од три дена. Со тоа се кршат условите пропишани во конкурсот, сѐ со цел да се истера меѓупартискиот договор меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДМНЕ и да се назначи Мустафа Имери за директор на нашата институција, велат од Синдикатот на Македонската филхармонија.

Од тие причини вработените во Македонската филхармонија најавија нов протест во понеделник, пред Министерството за култура и туризам.

Тие исто така, протестираа минатиот петок. Протестот беше прекинат кога ги повика на разговор министерот за култура и туризам. Потоа Љутков пред медиумите вети дека изборот на директор ќе биде законски и потенцира дека тој не работи незаконски.

Од Синдикатот на Филхармонија тогаш се заканија со протести и објавување на целата документација од конкурсот, пред јавноста и надлежните институции, доколку изборот на директор помине незаконски.

За наводното местење на конкурсот, побаравме но не добивме одговор од ресорот Култура и туризам.

Договорениот кадар за директор на Македонската филхармонија уште во јуни го објави актуелниот прв вицепремиер Меџити, во интервју за Телевизијата 24. Кандидатот од ВЛЕН, Мустафа Имери е професор по соло пеење во Средното музичко училиште во Скопје и естраден уметник.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе