Вести Македонија Најважни

СДСМ побара оставка од министерката Кочоска за навреди кон пратеничката Славјанка Петровска

Опозициската СДСМ бара оставка од министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, поради изречените навреди кон пратеничката Славјанка Петровска на вчерашната седница на Собраниетo.

На прес-конференцијата пред Министертсвото за финансии, пратеничката Јованка Тренчевска истакна дека искажаните зборови од министерката не биле навреда само кон Петровска, туку кон секоја жена и човек што некогаш бил дискриминиран, омаловажен или повреден.

„Кога министерка во оваа држава ќе се осуди да каже дека една жена не може да зборува за семејството само затоа што нема деца, тогаш тоа не е само навреда. Тоа е удар врз достоинството на сите нас, тоа е ароганција, тоа е дискриминација, тоа е нечовечност. Наместо извинување и признание на грешката, Кочоска и ДПМНЕ продолжија со нападите врз Славјанка Петровска. Наместо да покажат барем трошка почит и човечки да се извинат, тие одлучија да ја нападнат Славјанка уште повеќе, ја обвинија дека глуми жртва“, истакна Тренчевска.

Од СДСМ нагласија дека владејачката партија и министерката не ги разбираат вредностите на современото оштество и болката од ваквиот однос, не признаваат грешка, бегаат од одговорност и вината ја бараат кај жртвата наместо кај сторителот. Исто така, упатија забелешка и за однесувањето на однесувањето на потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска.

„Денеска сме тука за гласно и јасно да побараме, Гордана Кочоска мора да си поднесе оставка. Министерката која понижува граѓанка на оваа држава, која навредува пратеничка, која шири дискириминација, не заслужува да води министерство, не заслужува да седи во Влада која тврди дека работи за граѓаните. Оставка ќе бараме секој ден, додека не си оди од функцијата. Само така можеме да ги заштитиме граѓаните од идна дискриминација. Сведочевме сите на еден срамен молк. Изостана реакцијата од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, иако до вчера беше претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Бендевска не кажа ниту збор, ниту реагираше“, додаде Тренчевска.

Таа најави дека СДСМ ќе побара итна седница на Комисијата за дискриминација на која ќе се расправа за однесувањето на Кочоска и за поширокиот проблем на дискриминација во институции врз основа  на полова припадност. Исто така, ќе иницираат законски измени или кодекс што ќе ги санкционира дискриминаторските навреди и говорот на омраза во институциите, особено од високи функционери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе