Поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов е во полициската станица во Кисела Вода. Се врши распит, а утрово бил извршен и претрес на домот на Андов. Од обвинителството и полицијата потврдија дека во тек е акција по отворена истрага за злоупотреби во затворот Скопје кој се наоѓа во Шутка. Има осомничени и затворски полицајци и надзорници, а се товарат дека пуштале на слобода и на отсуства затвореници без никаква законска оправданост или без дозвола туку со директно договаарање со осудениците. Меѓу осомничените е и пензионираниот надзорник од затворската полиција Сашо Крстевски викан Ѕверот.
Поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов е во полициската станица во Кисела Вода. Се врши распит, а утрово бил извршен и претрес на домот на Андов. Од обвинителството и полицијата потврдија дека во тек е акција по отворена истрага за злоупотреби во затворот Скопје кој се наоѓа во Шутка. Има осомничени и затворски полицајци и надзорници, а се товарат дека пуштале на слобода и на отсуства затвореници без никаква законска оправданост или без дозвола туку со директно договаарање со осудениците.
Истрага за злоупотреби во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари во која се опфатени повеќе затворски полицајци, надзорници, но и дел од поранешното раководство на затворот, отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Со истрагата, според инфромациите на Телма, офатен и поранешниот директор на затворот Скопје, Филип Андов викан Сокол. Тој бил повикан на разговор во полициската станица Пролет.
„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје”, информираат од ОЈО ГОКК:
Од обвинителството и од МВР најавија подетални информации во текот на денот. Уште во јули беа утврдени злоупотреби во затворот од страна на Управата за извршување на санкции, а Телма откри и дека недостасуваат затвореници во ќелиите во Шуто Оризари. Сознанијата од контролата беа веднаш доставени до МВР и до Обвинителството, а во оваа акција се приведени некои од лицата за кои управата констатирала злоупотреби.
Директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов за Телма изјави дека подоцна биле откриени и финансиски злоупотреби за што биле известени и надлежните органи и со тоја ја прошириле истрагата.
Пандов неодамна изјави и дека затворските службеници наместо да спречуваат бегство и да се грижат за притворените, правеле пазар со осомничните.
Марија Митевска