Вести Македонија Најважни

Истрага, претреси и приведувања за злоупотреби во затворот Шутка-опфатен и екс директорот Филип Андов

Отворена е истрага за злоупотреби во затворот во Шутка со која се опфатени повеќе затворски полицајци, надзорници, но и дел од поранешното раководство на затворот, потврдија за Телма од Управата за извршување на санкции.

Со акцијата и истрагате е опфатен и поранешниот директор на затворот Скопје, Филип Андов.

Од обвинителството за организиран криминал соопштија дека “под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје.”

Најавија подетални информации во текот на денот. Уште во јули беа утврдени злоупотреби при што откривме дека недостасуваат затвореници во ќелиите во Шутка.

Сознанијата од контролата беа веднаш доставени до МВР и Обвинителството, а во оваа акција се приведени некои од тие за кои имавме констатирано злоупотреби при контролата.

Подоцна беа откриени и финансиски злоупотреби за што беа известени надлежните органи и ја дополбија истрагата, ни изјави Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе