Вести Македонија Најважни

Европска загриженост за македонската воздржаност за резолуцијата на ЕУ во ОН

Стигна првите предупредувања од Европската унија до Македонија за нејзиното гласање како воздржана за резолуцијата на ЕУ во ОН за мир во Украина, во кое се осудуваше Руската агресија врз Украина. Првото укажување денеска стигна од полскиот амбасадор во Македонија, Мариуш Бримора, кој како претставник на земјата претседавач со ЕУ, се обрати на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитете Македонија – ЕУ. Тој зборувајќи за неопходноста на проширувањето во новите геополитички состојби, делењето на заедничка индина и соочувањето со итните предизвици кои можат само заеднички да се надминат, ја потсети Македонија на европските вредности.

„Клучните европски вредноси и принципи е клучно. Тоа е нешто што особено ќе сакам да го подвлечам денес, особено во контекст на гласањето во ОН и резолуциите во ОН што предизвикаа реакции на амбасадорот на земјите-членки на ЕУ тука. Акциите се погласни од зборовите“, рече Бримора.

По Бримора уште подиректно Македонија за европскиот пат по кој одбрала да оди ја потсети евроамбасадорот, Михалис Рокас, предупредувајќи ја да за тоа треба да се држи до европските принципи.

„Важно е Северна Македонија да ги задржи основните вредности и принципи на ЕУ и активно тоа да го покажува во мултилатералните форуми, вклучително и во рамките на ОН. Со тоа ќе се потврди геостратешката потврда и заложба кон европскиот пат, а е и во согласност со членстовото во НАТО“, рече Рокас.

Рокас ја постети Македонија и на преостанатите обврски за отворање на првиот кластер, пред се носењето на уставните измени, а Бримора и копретседавачот со Мешовитиот парламентарен комитете од Европскиот парламент, Карло Реслер и за добрососедските односи и дијалогот како клучен дел од процесот на пристапување.

„Ќе нагласам колку е важен дијалотот на сите нивоа, тоа го правиме и преку состанокот денес, на ниво на политички партии, но и меѓу различни етнички заедници во земјава, сососедите и европските партнери, особено за теми на заеднички интерес кои ја дефинираат нашата заедничка европска иднина“, рече Реслер.

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцински, обраќајќи се пред Комитетот, и порача на ЕУ дека добрососедските односи не се одговорност само на една страна и дека билатералните прашања не смееат да бидат инструмент за диктирање на процесот и блокада на соседите. Муцуски побара и поголема решителност од Унијата во за проширувањето во време на предизвици.

„ЕУ мора да одговори престорувајќи го предизвикот во можност со преземање решителни чекори и поставување извесна временска рамка. Неодлучноста носи ризици. ЕУ мора да остане доследна на своите ветувања дека Западниот Балкан е дел од нејзината индина“, рече Муцунски.

Пред комитетот се обратија и бугарскиот европратеник Ивајло Валчев, член на Комитетот, кој потсети дека Македонија нема да го продолжи патот кон ЕУ додека не ги гарантира правата на малцинствата на нејзина територија, вклучително и бугарското.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе