Вести Македонија Најважни

Судскиот Совет одлучи дека судијката Даниела Алексовска Стојановска донела законска одлука за Васил Јованов, момчето кое ја прегази Фросина Кулакова

Судијката Даниела Алексовска Стојановска  согласно законот за правда на децата му определила воспитна мерка на Васил Јованов за поседувањето дрога, утврди работна група од Судскиот совет која денеска го презентираше извештајот.

Нема сомнеж за пристрасност ниту имало законски основи судијката да се изземе. Тројцата членови од судски Данка Ристова, Антоанета Димовска, и Тања Чачарова Илиевска разговарале и со судијката Стојановска која им кажала дека нејзиниот сопруг работел во иста фирма со мајката на Јованов 2003 до 2008 во океански систем со 70 вработени, но не биле  пријатели ниту судијката ја познавала лично мајката.

Во однос на издадениот деловен објект на партијата СДСМ во Ранковце појасни дека бил издаден од страна на нејзиниот татко многу одамна, а кој бил починат од 2018 година, досега немале ништо променето во однос на тој договор за закуп, а моментално куќата се водела по една третина на судијата, нејзината мајка и сестра, информираше претседателката на работната група Данка Ристова.

По пресудата Јованов излегол од Шутка а судијката Стојановска објаснила дека притворот не  му го продолжила по пресудата затоа што таква била праксата, кога ќе се изрече казна  поправен дом но Ристова истакна дека работната група не можела да провери затоа што вакви предмети со заводска мерка на помлад полнолетник се многу ретки.

Во судскиот предмет нема податоци за осудуваност на Јованов ниту информација за сообракајката од 2023  која била затворена во обвинителството со парична казна потврдија и од Судски . Работната група направила увид и во кривичната пријава од МВР во која било посочено дека Јованов повеќе пати бил фаќан со сомнителна растителна материја но потоа не била вештачена. Кај него биа пронајдена и дигитална вага.

Cпоред одредбите од ЗКП  не се доказ во кривична постапка и овие податоци судијата правилно не ги зела во предвид при пресудувањето. Зошто овие дејствија преземени од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје не биле процесуирани со завршница е прашање за самите нив и за ОЈО Скопје, рече Ристова.

Судскиот совет го усвои извештајот но и препорака тој да биде испратен во обвинителството и Советот на јавни обвинители за да ги прочитаат согледувањата и за нивниот дел од работата. Дел од членовите се осврнаа и на казнената политика дали таа ги остварува целите и  потенцираа дека потребна е индивидувлаизација. Тоа што обвинетиот повеке пати бил фатен како постпаува спротивно на законот но не бил процесуиран според членот на судски Ивица Николовски ја наметнува дилемата дали целата вина може да биде на судовите или пак стнаува збор за поширока неодговорност и недоволна превенција.

Васил Јованов е во притвор за сообраќајката во која смртно ја прегази младата Фросина Кулакова на партизанска а го чека и правосилна казна за дрогата која апелаицја ја преиначи во 3 години и 10 месеци затвор.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет станови на Груевски на продажба и земјиште на Мијалков, вредни 3 и пол милиони евра

Дејан Дејан

Еден загинат, а 14 се ранети во руски напад во Одеса

Дејан Дејан

Новата шефица на британското разузнавање била внука на нацистички шпион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе