Во Кривичниот суд започна презентацијата на доказите на обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевски и Панче Жежовски. На обвинетиот Боре Видевски судот не му ги прифати доказите. Се работи за аудио снимка која била незаконски прибавена.
Денешниот сведок Зоран Петковски член на Десна кога бил повикан на разговор во полициска станица тајно го снимил на диктафон, и на аудиоснимката наводно началникот му кажал дека врз Видевски е извршена тортура.
Неговиот адвокат Бојан Манев тврди дека поднеле медицинска документација и докази за тортурата врз Видевски.
Станувало збор за голем број повреди, а како последица на тоа сега има проблеми со левиот бубрег.
Адвокатот на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, денеска ги предложи доказите на одбраната како данок на имот, со кој тврдат дека станот од каде што беше грабнато девојчето на „Наум Наумовски Борче“ како и другиот стан во кој живее биле дадени како поклон на неговите ќерки со што мотивот за користољубие на обвинителството не држи вода.