Со гала филмска вечер и проекција на филмот „Грофот од Монте Кристо“ на 7 март во Скопје започнува месецот на Франкофонијата. Францускиот јазик е јазик на културата, но и јазик на иднината, на иновациите и претприемништвото, Франкофонијата е заеднички јазичен простор, но и простор на вредности со повеќе од 300 милиони соговорници, забележа амбасадорот Ле Риголер.
Франкофонијата е збир на вредности, не само јазик кој што заеднички го споделуваме, туку вредности за човековите права, правната држава, културната разноликост. И мислам дека во свет каде голем број на чинители ги доведуваат во прашање вредностите на кои почива нашиот свет и меѓународната сцена важно е да потсетиме дека имаме заеднички вредности кои што треба уште повеќе да ги унапредуваме изјави Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција.
За амбасадорите на земјите членки на Франкофонијата францускиоот јазик е еден вид на мост меѓу сите културни разлики и простор на споделени вредности.
Еднаквост на половите и промоција на младите, на правата на човекот. Тоа е мултикултурен простор затоа што има повеќе земји. Преку прославата на францускиот јазик се обидуваат да ги промовираат тие вредности изјави Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија
Во Романија сме многу горди што сме франкофони иако францускиот јазик не е официјален јазик во Романија, но за нас Франкофонијата е синоним на јазичната разноликост, отвореност кон светот, отвореност кон јазичното и културно богатство изјави Моника Аксинте, Амбасадорка на Романија
Во организација на амбасадата на Грција со проекција на филмот „Ривиера“ на Орфеас Перецис ќе започне Неделата на франкофонски филм.
Оваа година учествуваме со многу ентузијазам во активностите пред се натпреварот по изразно читање во училишта и тука селектиравме три текстови од грчки автори кои се преведени на француски изјави Софија Филипиду, Амбасадорка на Грција
За свеченото затворање на Месецот на Франкофонијата во Скопје во Музејот на современа уметност на 8 април ќе бидат изложени делата од француската колекција, додека во Центарот за култура во Битола на 17 април ќе настапи францускиот пијанист Лоран Кулондр.
Нина Стефанова