По долго боледување на 50 – годишна возраст почина Наташа Маневска, драматург во Центарот за култура „ Ацо Шопов“ во Штип. Веста за нејзината смрт ја споделија колегите од Центарот за култура.
Наташа Маневска стана дел од колективот на Штипскиот центар за култура во 2011 година, а од истата година до 2015 беше директор на оваа национална установа. Од 2016 година Маневска беше на работното место драматург.
Како внука на доајенот на македонскиот театар Ристо Стефановски, Маневска покажа исклучителна љубов и посветеност кон театарот. Така што немаше издание на МТФ „ Војдан Чернодрински“, а таа да не беше дел од него, следејќи ги сите претстави, во натпреварувачката и придружната програма.
Денот и времето на погребот и комеморацијата ќе бидат дополнително објавени, соопштија од ЦК- Штип.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.