Полицијата објави дека синоќа на раскрсница кај Веро Тафталиџе имало сообраќајна несреќа во која е повреден пешак, а возачот избегал од местото. Несреќата се случила половина час пред полноќ. Возилото удрило во семафор, потоа во пешакот и возачот го напуштил местото.
– На 24.02.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул.„Њуделхиска“, патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, удрило во семафор и во пешакот Г.Ц.(52) од Скопје, по што возачот го напуштил местото. Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.