Предлогот за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски подготвен во министерството за правда ја доби подршката од владата да го продолжи патот, испишан во законот за јавно обвинителство . Постпаката сега се сели во Советот на јавни обивнитлеи кој во рок од 15 дена треба да даде мислење позитивно или негативно . Премиерот попладнево не откри конкретно кoи причини се наведени во предлогот за смена на државниот обивнител вели ќе се дискутираат во Собранието. Постапаката ќе оди пред пратениците и со негативно мислење од Советот.
Владата претходно најави дека ќе бара разршеување врз основа на законскиот основ дека направил крупна професионална грешка, во милењето од правда му се препишува одговорност за нарушен углед, функционаност, ефикасност на обвинителството за незаконско постапување судир на интерес и корупција како и повреда на самостојноста на обвинителите.
Коцевски најави дека детално ќе се произнесе откако ќе го прочита прелдогот за негова смена но тврдеше дека работел законски и не сторил крупна професионална грешка
Последниот збор го имаат пратениците и можaт да го разрешат до 61 глас. СДСМ смета дека власта врши партизација.
Паралено тече и постпаката за интерпелација на 5 те члена од Судски кои ги бира Собранието. На веб страната на законодавниот дом денескa се објавени нивните одговори на интерпелациите. Како што објави Телма мИнатата недела мегу аргументите и поентите се тоа дека интерпелацијата е инструмент за политчка контрола и во случајов не може да се промени на членовите на судски, дека ќе биде преседан и ќе значи притисок врз судкса власт. Дополнително посочиле дека одговорноста не треба да биде колектвина а интерпелацииите се општи и отсуствува индивидувализација на пропустите. Напишале и дека работеле професионално и чесно а дел од нив се произнеле и дека не чувствуваат одговорност за досегашната работа во советот.
Интерпелацијата не значи разрешување но власта се надева дека ќе си поднесат оставка откако интерпелацијата ќе помине во собранието.
Елена Ивановска Мукоска
[i] об
Елена Ивановска Мукоска