Култура

Четири драмски текстови конкурираат за наградата „Горан Стефановски“ на Драмски театар

На објавениот конкурс за доделување на наградата „Горан Стефановски“ за најдобар
драмски текст од македонски млад автор до 30 години, пристигнаа четири пријави, велат во соопштение од Драмски театар.

Согласно Правилникот за доделување на наградата „Горан Стефановски“, формирана e
Комисија од пет члена од редот на истакнати и компетентни лица. Од вработените во Драмски театар за членови се именувани Викторија Рангелова Петровска (драматург), Дејан Лилиќ (актер-првенец) и Димче Николовски (режисер асистент“. Како надворешни членови се именувани Жанина Мирчевска (драматург) и Венко Андоновски (теоретичар на театар/литература).

Членовите на Комисијата се должни на првиот состанок да изберат претседател. Мандатот на надворешните членови на Комисијата е две години, со право на реизбор по изминати четири години од првиот завршен мандат, а внатрешните членови имаат право на реизбор на неограничен број пати.

„Комисијата е должна да ги оценува поднесените драмски текстови и постапката за
избор на најдобар драмски текст од млад автор да ја спроведе во согласност со критериумите
наведени во Правилникот. Пријавениот драмски текст, покрај останатите критериуми, треба да
биде неизведуван и да биде оригинално авторско дело, а не драматизација или адаптација на
романи, новели или мотиви на постојни драмски дела“, соопштија од Драмски театар.

Авторот на наградениот драмски текст ќе биде објавен на прес-конференција во
пресрет на 27 април, денот кога бил роден Горан Стефановски. Добитникот на наградата ќе
потпише авторски договор со Драмски театар, согласно кој театарот се обрзува да го
инкорпорира наградениот драмски текст во Предлог-програмата на театарот и да го продуцира
со изведба на малата сцена или на сцената „Ристо Стефановски“ во театарот, во рок од две
години, сметано од денот на завршување на конкурсот.

Добитникот ќе добие еднократна парична награда во висина од 60.000,00 денари, а како автор се обврзува да не го оттуѓува текстот, поточно авторското право на други правни и физички лица сè до праизведбата во Драмски.

На сцената на Драмски театар е поставена импресивна бројка од 15 премиери на Горан
Стефановски, почнувајќи од 1974 година кога беше изведена праизведбата на „Јане Задрогаз“ во
режија на Слободан Унковски, до праизведбата на „Огнени јазици“, исто така, во режија на
Слободан Унковски“ во 2013 година. Осум драмски текстови од Стефановски се праизведбени постановки токму во Драмски театар.

Конкурсот има за цел да го негува сеќавањето на Горан Стефановски, да ја афирмира
современата македонска драма, да го поттикне македонското драмско творештво и да го
одржи континуитетот на македонското драмско писмо, дополнуваат од Драмски театар во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе