Кошарка Спорт

Кошаркарите ги дознаа потенцијалните ривали на патот до СП 2027

Со оглед дека се познати сите учесници на Европското првенство, дел од репрезентациите кои не стигнаа до турнирот летово ќе играат претквалификации за пласман на Светското првенство во 2027 година што ќе се одржи во Катар. Со тоа и Македонија ги дозна потенцијалните ривали на патот до турнирот.

Во претквалификациите за Мундобаскетот ќе има исклучително силни репрезентации, кои исто и како Македонија не успеаја да се пласираат на Европското првенство. Во втората фаза од претквалификациите ќе играат и селекциите на Хрватска, Бугарија, Украина, Унгарија и Холандија, како и Данска и Словачка. Од првата фаза во претквалификациите се пласираа и Австрија, Норвешка, Романија и Швајцарија.

Со ждрепка репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи со по три репрезентации, а само првите две ќе обезбедат пласман во главните квалификации за Светското првенство. Натпреварите ќе се играат летово од 2 до 12-ти август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе