Кошарка Спорт

Батлер го препороди Голден Стејт: Вориорс имаат 5-1 откако дојде новата ѕвезда (ВИДЕО)

Голден Стејт изгледа како нов тим со пристигнувањето на Џими Батлер, па Вориорс го победија Далас со 126-102. Со Батлер во составот Голден Стејт има пет победи и еден пораз, а поранешна ѕвезда на Мајами имаше 18 поени. Најефикасен беше Стеф Кари со 30 поени за домашниот тим. Пи Џеј Вашингтон и Кајри Ирвинг со по 17 поени најмногу се истакнаа кај Маверикс.

Шампионот Бостон славеше против Њујорк со 118-105, најдобриот тим на Истокот, Кливленд го победи второпласираниот состав на Западот, Мемфис со 129-123, а Оклахома се радуваше на гостувањето кај Минесота со 123-130.

Атланта и Детроит одиграа неверојатно ефикасен натпревар што заврши со победа на гостите од 143-148. Тајлер Хиро постигна 40 поени за Мајами, но Хит загуби на гостувањето кај Милвоки со 120-113, а утринава победи остварија и Њу Орлеанс, Торонто, Орландо и Индијана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ред Бул го разреши Кристијан Хорнер по 20 години на чело на тимот

Дејан Дејан

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе