Вести Најважни

Мерц прогласи победа, Шолц призна пораз – Германија денеска на вонредни парламентарни избори

Демохристијанска коалиција, чиј лидер и нов канцелар е Фридрих Мерц, освои најмногу гласови на денешните вонредни парламентарни избори во Германија, покажуваат првичните проекции на врз основа на излезните анкети на двата германски јавни сервиси. Излезноста на денешните избори беше рекордна и изнесуваше 84 отсто.

Мерц веднаш по објавата на првичните излезни анкети прогласи победа. Во еуфорична атмосфера кај Демохристијаните, најави дека е свесен за обемот на работа што го очекува, како и одговорноста и порача дека е важно што поскоро да се формира стабилна влада.

Канцеларот Олаф Шолц го призна поразот. На предизвикувачот Мерц му честита за победата, а изборните резултати на неговата партија ги нарече горчливи. Во штабот на социјалдемократите разочарување.

Втора е крајно десничарската Алтернатива за Германија со 20 отсто добиени гласови или три и пол отсто повеќе од Социјалдемократите на Шолц. „Зелените“ ќе бидат четврта политичка сила во новиот состав на германскиот парламент со 13,5 отсто добиени гласови. Изборниот праг од пет отсто кој е неопходен за влез во Бундестагот го мина и Левица со освоени 8,5 отсто гласови. Блиску до цензусот се Либералите со 4,9 отсто и левичарскиот сојуз на Сара Вагенкнехт со 4,7 отсто гласови.

Германија се соочува со француско постизборно сценарио. Според германскиот изборен модел, коалициите се вообичаени, бидејќи ниту една партија во повоена Германија никогаш не успеала да освои мнозинство за сама да формира влада. По официјалната потврда на изборните резултати и распределба на мандатите, ќе започне сложен процес за формирање на влада. Оттука и неизвесноста дали на победничката партија под водство на Мерц ќе ѝ треба еден или два партнера за состав на новата влада. Дотогаш кабинетот во заминување на Олаф Шолц ќе остане на должност во технички мандат.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возилата на градскиот превоз во Белград не сообраќаат поради протестот на студентите

Дејан Дејан

Од погребните церемонии за ликвидираните генерали и научници Иран испрати пркосни пораки

Дејан Дејан

Топлотен бран го погоди Медитеранот, пикот допрва доаѓа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе