Вести Македонија Најважни

„Паметни“ камери во полициски возила ќе ловат и непрописно паркирани

Полицајци со возило опремено со специјални камери ќе ги снимаат погрешно паркираните возила. Ова, покрај камерите што ќе ги ловат прекршоците на улиците, ќе биде дел од системот „Безбеден град“, што треба да почне со работа од 1 јануари следната година.

Пред да почнат да стигнуваат казни, ќе има тест-период од неколку месеци, во кој граѓаните ќе бидат само известувани за направените прекршоци.

Според Тошковски, системот е неопходен и поради тоа што, засилените контроли покажале дека за 10 дена само во Скопје се прават и по 4 илјади прекршоци. Од УНДП, пак, велат дека „Безбеден град“ е во согласност и со целите на Обединетите нации.

Проектот е веќе почнат со тоа што од минатиот месец, при регистрација на возилата се бара сопствениците да остават електронска адреса и телефонски број. За една година, се очекува да бидат собрани податоците од сите возила, што ќе биде основа за новиот систем.

Во тек е измена и на 5 закони, односно на Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоците, Законот за возилата, Кривичниот законик и Законот за извршување на санкциите, кои се клучни за функционално системско решение.

Министерот очекува, до крајот на март да биде готова првичната верзија за во април измените да влезат во собраниска процедура.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Стотици илјади луѓе учествуваа во Парадата на Гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе