Вести Култура

Отворен повик за наградата на ЕУ за Ромската интергација 2025

Започна аплицирањето за шестото издание на Наградата на ЕУ за Ромската интеграција во Западен Балкан и Турција. Оваа година, фокусот е на иницијативите кои значително придонеле за вклучувањето на Ромите во образованието (предучилишно, основно и средно). Краен рок за аплицирање е 28 февруари 2025 година.

Наградата, финансирана од Европската Унија и имплементирана од Roma Active Albania, ќе додели 8000 евра за прва награда и 5000 евра за втора награда. Сите добитници ќе добијат статуа и ќе учествуваат во студиска посета во Брисел.

Целта на ЕУ е да ја зајакне политичката посветеност и да ја поддржи интеграцијата на Ромите во регионот. Таа ги препознава иницијативите кои значително ги подобриле животите на Ромите и кои можат да бидат реплицирани во иднина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не почнавме од нула, почнавме од минус, сега сме стабилизирани – Мицкоски на Трибина во Прилеп

Дејан Дејан

Бела куќа: Иран не го премести збогатениот ураниум пред нападот

Дејан Дејан

Парада на гордоста во Будимпешта мора да се одржи – Фон дер Лајен со порака до унгарските власти

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе