Вести Македонија Најважни

Предлогот за разрешување на Коцевски денеска на владина сендица

Предлогот за разрешување на државниот обвинител, напишан во министерството за правда, денеска ќе се разгледува на владина седница, па дури потоа ќе патува кон  Советот на јавни обвинители.

Потоа советот во рок од 15 дена ќе закаже седница на која ќе одлучува какво мислење ќе даде, но министерот за правда веќе се изјасни дека и со негативно мислење, процедурата за разршеување ќе продолжи во Собранието кое го има последниот збор.

Од владата пак порачаа дека ќе продолжат да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем, довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа велат дека се силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава.

Членовите на Советот пред себе ќе ги имаат образложени причини поради кои Владата сака да го разреши Коцевски.

Дали деталите ќе дојдат и до јавноста, за сега е неизвесно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе