Ја скроија додека Мицкоски и Дурмиши се на патувања надвор од земјава но ќе биде разгледана денеска на влада. Листата со продукти која ја составија трговците надградена со над 140 производи, со маржа од три до 15 проценти. Лебот, млекото, овошјето, зеленчукот, зејтинот, како и средствата за хигиена да бидат поефтини еден месец со што би се опфатиле и верските празници Велигден и Рамазан.
Според неофицијални информации, до Министерството за економија пристигнати се различни предлози од повеќе места и од дистрибутери, но и повеќе маркети испратиле листи со производи кои сметаат дека можат да ги поевтинат.
Но, и покрај многуте варијанти, на седница на Влада ќе се разгледуваат само два предлога. Проблемите со цените веќе подолго време се провлекуваат.
Револтот стана поголем со новогодишната кошничка која се скрои со даден збор од сите вклучени во ланецот на трговија.
Но, тогаш цените за едни производи минимално се намалија, а на други значително пораснаа.