Вести Македонија

Возачот од Косово кој прегази врсници немал возачка дозвола

Нова сообраќајна несреќа на скопските улици предизвикана од малолетник од Косово кој немал возачка дозвола.

Седумнаесет годишно момче кое доцна синоќа околу 22 часот дивеело на скопските улици управувало со возило ауди со скопски регистарски ознаки.

Прегази две лица на 17 и 18 годишна возраст.

Според пријавата несреќата се случила на расксницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во скопската населба Шуто оризари.

Двете повредени лица се од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 18-годишникот С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ .

Против малолетникот кој управувал со возилото поднесена е кривична пријава до надлежното обвинителство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе