Вести Најважни Свет

(ФОТО) Израел ги презеде последните тројца заложници ослободени од Хамас

Милитантите предводени од Хамас ослободија тројца мажи, израелски заложници, а израелските сили почнаа да ослободуваат стотици затвореници за возврат, што е најновата индикација дека кревкиот договор за прекин на огнот што стави крај на крвопролевањето во Појасот Газа, а кој деновиве беше под ризик да биде прекинат, се уште е на сила.

Милитантите во јужниот дел на Појасот Газа ги ослободија Иер Хорн, 46, двоен државјанин на Израел и Аргентина, Американско-израелскиот државјанин Сагуи Декел Чен кој има 36 години и руско-израелскиот државјанин Александар Саша Труфанов, 29 годишно момче.

Сите беа киднапирани од Кибуц Нир Оз, заедница која беше тешко погодена во нападот на 7 октомври 2023 година што ја разгоре војната која траеше речиси година и половина.

Ослободените заложници изгледаа бледи и истрошени, но се чинеше дека се во подобра физичка состојба од тројцата ослободени минатата сабота, кои излегоа изнемоштени од 16-месечното заробеништво.

Примирјето кое започна пред речиси четири недели беше загрозено во последните денови од тензичниот спор што се закануваше да ги обнови борбите.

Контроверзниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп да се отстранат повеќе од 2 милиони Палестинци од Газа и да се населат на друго место во регионот, уште повеќе фрли сомнеж за иднината на прекинот на огнот.

Но, Хамас во четвртокот рече дека ќе продолжи со ослободување на уште заложници по разговорите со египетските и катарските власти.

Групата рече дека посредниците ветиле „да ги отстранат сите пречки“ за да се осигураат дека Израел ќе дозволи повеќе шатори, медицински материјали и други основни потреби во Газа.

Израел утрово почна да ослободува 369 палестински затвореници и притвореници, вклучително и 36 кои отслужуваат доживотна казна затвор поради смртоносни напади.

Првите ослободени затвореници пристигнаа со автобус во град на Западниот Брег и беа пречекани од огромна толпа.

Денешната е шеста размена од стапувањето на сила на примирјето на 19 јануари.

До сега беа ослободени 21 заложник и над 730 палестински затвореници како дел од првата фаза од примирјето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе