Вести Најважни Свет

Самит за иднината на Украина – почнува тридневната Минхенска безбедносна конференција

Контурите на мировниот договор за Украина би можеле да се исцртаат уште викендов во Минхен. Главниот град на Баварија од денеска до недела ќе биде домаќин на 61. Безбедносна конференција со учество на повеќе од 800 официјални лица од 110 земји. Во рамки на настанот ќе се одржат над 350 сесии на различни безбедносни теми. Фокусот, сепак, ќе биде ставен на руско-украинската војна која за 11 дена ќе влезе во четвртата година. Македонија во Минхен ќе биде претставена од премиерот Мицкоски.

Во Минхен пристигнаа клучните луѓе во администрацијата на Трамп, освен државниот секретар Марко Рубио кој мораше да се врати во Вашингтон поради дефект на ветропранското стакло во пилотската кабина. Во Германија е и украинскиот претседател Володимир Зеленски кој непосредно пред настанот објави видео на социјалните мрежи за наводен руски напад со дрон врз нуклеарката во Чернобил.

Веќе се одржа и состанок меѓу потпретседателот на САД, Венс со првиот човек на НАТО, Марк Рутe на кој, меѓудруго, беше повторена потребата од зголемување на трошоците за одбрана, споделување на финансискиот товар меѓу европските партнери, како и желба за сигурност дека Алијансата е изградена за иднина.

Претседателот Трамп рече дека американски, руски и украински претставници ќе состанат во Минхен на разговори за крај на војната, информација која засега е завиена во тајност. Русија порача дека испраќа никого во Минхен, високи украински претставници, пак, истакнаа оти „не очекуваат разговори со Русите во Минхен“. Организаторите на настанот соопштија дека во Минхен не е присуна руска делегација. „Би-Би-Си“ ја наведува можноста дека трипартитниот состанок се планира на друго место во градот, но според домаќините на настанот, малку веројатно е дека германската влада би издала визи.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Германската влада го забрзува процесот на купување оружје и опрема

Дејан Дејан

Конститутивната седница на косовското Собрание прекината по 39-ти пат

Дејан Дејан

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе