Вести Македонија Најважни

Министерството за правда испрати мислење до Влада за разрешувањето на Коцевски

Министерството за правда го пратило да Владата мислењето за предлог разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Од правда соопштија дека во изминатиот период биле сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на Јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство.

„Државниот јавен обвинител на Република Северна Македонија постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките“ соопштија од Министерството за правда.

Но, за кои конкретно предмети станува збор, од правда не прецизираат. Не е јасно ни  дали министерството за лиферувани информации и податоци мисли за случајот кога тогашниот шеф на вишото обвинителството Мустафа Хајрулахи сподели со дел од медиумите снимка на која ќерката на Коцевски е на средба со новинарка. Но, од обвинителството негираа дека биле изнесени доверливи информации.

Хајрулахи во меѓувреме беше суспендиран поради кривичната истрага против него. Советот на јавни обвинители на предлог на Коцевски во понеделникот како времен раководител ја постави Наташа Крстевска Цалева.

Владата претходно како причини за разрешувањето на Коцевски ги наведе последниот Индекс за корупција во кој имаше критика за состојбите кои се случиле во обвинителството и судството, како и незаконското именување за в.д. шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје. Коцевски и одговори на Владата дека била добро информирани затоа што во вишото обвинителство не е поставен вршител на должност, туку времен раководител.

Според членот 88 од Законот за јавно обвинителство, државниот јавен обвинител може предвреме да се разреши, поради тешка дисциплинска повреда или ако е член во политичка партија. Но, во соопштението на правда не се споменува за каква тешка дициплинска повреда станува збор.

  • „Во Законот за Јавното обвинителство е наведено дека Јавниот обвинител на РСМ е одговорен за општите состојби во врска со организирањето и извршувањето на функциите на Јавното обвинителство и за својата работа одговара пред Собранието. Собранието пак, како највисок претставнички орган на граѓаните е уставно надлежен за именување и разрешување на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија“ соопштија од Министерството за правда.

Хајрулахи тврдеше и дека бил жртва на притисок од Коцевски за предметот со бонусите на СЈО. Предметот за бонусите е кај вишиот обвинител Јове Цветаноски, за кој се води дисциплинската постапка. Цветановски поднесе кривична пријава против Коцевски, бидјеќи во предлогот немало навод за каква крупна професионална грешка станува збор.

Советот на јавните обвинители треба да одговори во законскиот рок од 15 дена откако ќе го добие мислењето.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преодна стабилизација – Временска прогноза за 14.5.2025

Дејан Дејан

Меџити со порака до Таравари: Ти не ја напушташ владата, ти ја предаде владата

Дејан Дејан

Кос: Преку шесте милијарди евра од Инструментот за реформи и раст до значителен развој за Западниот Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе