Вести Македонија Најважни

Уапсен бугарски државјанин осомничен за измами за наводни сообраќајни несреќи

Кумановската полиција и криминалистичката полиција од СВР Скопје уапсија педесет и деветгодишен жител на Бугарија кој е осомничен дека во соработка со други лица извршил измами за наводни сообраќајни несреќи над повеќе лица, соопшти денеска полицијата.

– Вчера во 15:40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода П.М.(59) од Република Бугарија. Тој се сомничи дека на територија на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица. П.М. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираше полицијата.

Од МВР постојано апелираат за претпазливост. Случаите со наводни сообраќајни несреќи се случуваат во одредени периоди. Претходниот период во СВР Куманово беа пријавени четири случаи на измами, а изминатата година два.

– Секторот за внатрешни работи Куманово апелира до граѓаните да бидат внимателни кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават, апелираа од кумановската полиција.

СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сите сторители на измамите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Исповед на тешко повреден пешак кому не му е земена изјава за сообраќајната несреќа во која загина неговата девојка

Дејан Дејан

Пациентка со рак на бели дробив се жали дека за неа нема терпија на онкологија

Дејан Дејан

Реални оцени или притисок – СДСМ и МОН со различни ставови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе