Вести Македонија

Судиите и обвинителите ќе може да работат до 67-годишна возраст – нов Предлог закон за измена на законот за работни односи

Судиите и обвинителите ќе може да работат до 67-годишна возраст. Ова е целта на новиот Предлог- закон за измена на законот за работни односи, кој денеска ги мина собраниските комисии и веќе е ставен како точка на дневен ред на денешната седница на собранието. Предлагачи на законот се група пратеници од владеачката коалиција кои сметаат дека во судството и обвинителството има дефицит на кадри и дека поради тоа граѓаните добиваат спора и ненавремена правда.

Последниот период се отворени многу случаи за корупција и тие треба да бидат завршени во интерес на јавноста, порача еден од предлагачите, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.

На собраниската комисија за економски прашања, труд и енергетика, поранешниот премиер и пратеник на СДСМ, Димитар Ковачевски рече дека треба да се знае дека со овие измени право на пензија со наполнети 67 години ќе имаат и сите избрани и именувани функционери, директори и раководители.

Јованка Тренчевска од СДСМ, пак, предложи со законот да се опфатат сите дефицитарни и високо профилирани кадри кои недостасуваат во државата. Решението за пензија во 67-та година од животот се враќа повторно, а начинот за остварување ќе биде по сопствено барање на вработениот, односно во конкретниот случај на судијата или обвинителот кој сака да остане на работа и по исполнетиот старосен услов за пензија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе