Балкан Вести Македонија Најважни

Воз излетал од шините: Железничката линија Скопје-Солун нема да функционира

Меѓународната железничка линија Скопје-Солун нема да функционира околу две до три недели а не два месеца, велат од Македонски железници. Директорот на Железници транспорт, Дејан Кошутиќ за Телма вели дека е во контакт со грчките колеги и тие се оптимисти дека дефектот ќе се реши побрзо, а линијата нема да е затворена  два месеца како што првично беше објавено во медиумите. Линијата од денес е затворена поради дефект што настана на шините при излетување на возот што сообраќаше на релација Гевгелија-Солун.

Инцидентот се случил синоќа нешто после 21 часот недалеку од македонско-грчката граница, кај блискиот град Поликастро, што се наоѓа во северниот дел на Грција. Според грчката компанија Hellenic train, делумно излетал задниот дел од вториот вагон  на грчки товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Солун.

Вагонот што се превртел бил празен, а направена е материјална штета најмногу на пругата. Персоналот не бил повреден, ниту имало опасност по неговата безбедност, а причините за инцидентот допрва ќе се утврдуваат од надлежните органи.

При излетувањето на возот настанал дефект на шините и тој дел од пругата во должина од околу три до четири километри нема да биде во функција додека не се поправи, што значи дека ќе се затвори и оваа железничка линија. Во вакви услови, според грчкиот железнички синдикат Грција ќе ја користи само меѓународната линија кон Бугарија.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе