Вести Македонија Најважни

Уставниот суд поведе постапка за измените на Кривичниот законик со кои се спасија екс функционери

Уставниот суд поведе постапка за оценка на уставноста на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик со кој од затвор се спасија поранешни функционери, претежно гонети од поранешното СЈО. Со тоа судот му наложи на Собранието во рок до шест месеци да интервенира во законот. Во случај Собранието да не го стори тоа, Уставниот суд ќе одлучува за негово укинување или поништување.

  • „Во судскиот систем примената на Кривичниот зкаоник и воие измени се одлучивме да му дадеме една шанса на Собранието од 6 месеци да се усогласи со нашите стојалишта. Во случај тоа да не го стори ќе следува одлука на Уставниот суд за укинување или поништување. Не можам отсега да го предвидам тоа“, изјави Дарко Костадиновски, претседателот на Уставен суд.

Собранието морало да води грижа кога ја креирало казнената политика, додаде Ксотадиновски.

  • „Овој закон нанесе непоправлива штета на правниот поредок кој е воспоставен врз основа на нашиот Устав и сите вредности з акои се залага тој Устав. Каква и да е нашата одлука дел од работите не може да се вратат назад“, додаде Костадиновски. 

Судијата-известител Елизабета Дуковска, сметаше дека Уставниот суд не треба да поведе постапка. Но, со неа не се согласија најголем дел од нејзините колеги.

  • „Станува збор за исклучително контроверзен закон, штетен за правниот поредок и го попречува спроведувањето на правото и правдата со лоша и непринципиелна казнена политика. Закон кој од формален и правен апсект е неуставен“, рече уставната судијка Ана Павловска Данева.
  • „Последиците од овој закон се далекусежни и штетни за државата и граѓаните. Со него се дава скриена амнестија. Во правниот систем на државата е извршена правна анархија“, истакна уставниот судија Осман Кадриу.

Судијката Добрила Кацарска иако се согласи дека измените биле штетни, сметаше дека не е работа на Уставниот суд да решава за казнената политика, туку за тоа е надлежно Собранието.

Со измените застареа случаи против експремиерот Никола Груевски, ексминистрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, како и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков и други.Подносител на иницијативата во септември, 2023 година беше Павле Трајанов.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одложено судењето на Нетанјаху поради дипломатски и безбедносни причини

Дејан Дејан

Орбан го обвини Брисел за „одвратната“ Парада на гордоста во Будимпешта

Дејан Дејан

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе