Вести Македонија Најважни

Маржите „замрзнати“ на 10 проценти до крајот на април – владата со мерки за високите цени на храната

Владата се одлучи за ограничување на маржите во трговијата на мало до 10 проценти и исто толку и во трговијата на големо. Извештајот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) покажа дека кај трговците на мало е утврдено дека имало над 20 проценти маржа на основните прехранбени производи и над 30 проценти маржа кај средствата за лична хигиена. Кај увозниците дистрибутери утврдени се повисоки маржи кои оделе дури и до 50 проценти.

Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април, а ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, како и детергентите и бебешката храна. Министерството за економија ќе разгледува дали покрај оваа мерка, ќе има потреба да се носат и дополнителни кошници. До петок треба да се изврши и контрола кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо и млечни производи.

Препорака до маркетите е да ги објавуваат цените на нивните производи и на дневна основа редовно да ги ажурираат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе