Во правда се пишува предлогот за разрешување на државниот обвинител Коцевски.
Советот на јавните обвинители ќе одговори во законскиот рок од 15 дена откако ќе го добие , премиерот денеска не сака да ги коментира аргументите на Коцевски му порача сам да се повлече.
- Имаше тој, доволно можност да се размрда, да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомневање за сторен криминал. Но, очигледно, дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерна особина. Така што мислам дека имаше тој доволно време да покаже, за жал, таа доверба не ја оправда изјави Христијан Мицкоски.
Советот на предлог на Коцевски во понеделникот едногласно одлучи како времен раководител на Вишото скопско обвинителсто да ја постави Наташа Крстевска Цалева затоа што Мустафа Хајрулахи е суспендиран поради кривичната истрага против него. Владата вчера ја посочи оваа колективна одлука како една од двете клучни причини за иницијативата против Коцевски. Димитриевска вели донеле законита одлука.
И Коцевски вчера во писмената изјава објаснуваше дека во владата не биле добро информирани затоа што во вишото обвинителство не е поставен вршител на должност туку времен раководител. Според Коцевски годишниот распоред на Хајрулахи истекол на 31 декември 2024 а Јован Цветановски кој бил негова заменик според стариот распоред не можел да прави нов распоред. Заменичката функција му завршила на последниот ден од минатата година. Но Цветановски останал да раководи со обвинителствто и во јануари се до неговата суспензија и минатата недела поради дисциплинста постапка.
Коцевски е прв обвинител за кој е иницирана постапка за разрешување според законот за јавно обвинителство донесен пред 5 години со кој потесно се прецизираат основите по кои може да биде соборен од најмоќната обвинителска фотеља.
Додека се чека официјаното образложение од министерството за правда, по вчерашната изјава од Владата се наметнаа и неколку правни дилеми.
Според членот 88 од Законот за јавно обвинителство, државниот јавен обвинител може предвреме да се разреши, поради тешка дисциплинска повреда или ако е член во политичка партија.
Една од дилемите е дали поставувањето времен раководител на обвинителство е тешка дисциплинска повреда а нејасно е и под кој основ од законот може да се сврти индексот на корупција на Транспаренси.
Друга дилема е кој иницира и утврдува тешка дисциплинска повреда кај државен обвинител. Според дел од поранешни и сегашни со кои разговараше Телма законот е недоречен во однос на процедурата за првиот човек на обвнителството. Во делот на дисциплинската постапка членот 93 определил кој може да предложи постапка за утврдување на одговорност за сите јавни обвинители освен за главниот. Но според едно поинакво толкување, Советот на јавни обвинители е тој што е надлежен да утврди дали обвинителот направил тешка дисциплинска повреда откако ќе ја добие иницијативата од министерството за правда преку Владата, а потоа Советот во своето мислење до Владата ќе се произнесе .
Уште една дилема која се наметна во јавноста е дали ако советот не се согласи со владата и без односно дека и со негативно мислење постапката може да продолжи. За ова прашање денеска од советот не се произнесоа?
Коцевски е една година на функцијата а паралелно со предупредувањата од власта дека може да биде сменет изминатите месеци доби напади и од внатре. Токму вишиот обвинител Хајрулахи го обвинуваше државниот дека му вршел притисок за предметот со бонусите на СЈО да не ја прифаќа жалбата на ВМРО ДПМНЕ која ја поднесе кривичната пријава но не е оштетена. Коцевкси негираше и рече дека обвинувањата се резултат на надзорот на работата во обвинителството што го предводеше Хајрулахи а од кое подоцна произлегоа и дисплински постапки и за Хајрулахи и за Цветановски.
Елена Ивановска Мукоска