Вести Македонија Најважни

Владата почна постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски

Владата на денешната седница го задолжи министерството за правда да започне активности за отпочнување на постапка за разрешување на државниот обвинител, Љупчо Коцевски. Портпаролката на владата Марија Митева ја објави одлуката на прес конференција.

„Разочараноста на владата од постапување надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот што не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушување на довербата и нефункционирањето на правната држава“, рече Митева.

Таа наведе дека аргументи за одлуката за Коцевски се извештајот на Транспаренси за Индексот на перцепција на корупција кој денеска го обелодени „Транспаренси интернешнл Македонија“ и вчерашната одлука на Советот за јавни обвинители за замената на суспендираните виши јавни обвинители во Скопје.

„Најпрво беше отворена дебата за денешната објава за нарушување на индексот за перцепција на корупцијата во која 4 точки се однесуваат на состојби во судството и обвинителството. Дополнително последното назначување на шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје (н.з. одлука на Советот на јавни обвинители) е одлука која е незаконска. Односно надвор од одредбите пропишани со Законот за јавно обвинителство“, наведе портпаролката на владата, Марија Митева.

Кој е законскиот начин за разрешување на државен обвинител: Собрание го разрешува по предлог на влада, но по мислење на Совет на јавни обвинители

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе