Вести Македонија Најважни

Почнува судењето против Фадил Зејнелов, осомничен за убиството на 29-годишната Емилија Пешева

Во Основниот суд во Штип денеска почнува судењето против Фадил Зејнелов, кој на 1 ноември го изврши убиството врз 29 годишната Емилија Пешева.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство за убиството на штипјанката Пешева обезбедени се докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

Невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство  се согласни дека ова убиство е фемицид и подолг временски период бараат законски измени, со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе