Доживотна казна затвот побара обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви за 33-годишниот Фадил Зејнелов кој на 1-ви ноември лани минатата година на свиреп начин изврши убиство врз штипјанката Емилија Пешева.
Обвинителот побара на обвинетиот да му се суди за сторено кривично дело убиство при вршење семејно насилство или фемицид.
Обвинетиот ја призна вината, мотивот според него за извршеното убиство бил неверство.
Родителите на Пешева, пак, велат дека Зејнелов ја заслужува доживотната казна затвор бидејќи по извршеното убиство наместо веднаш да се пријави во полиција тој отишол во коцкарница за да ги искоцка парите кои ги зел од убиената Пешева.
Сведочат дека во континуитет се случувало насилство врз нивната ќерка од страна на Зејнелов.
Воведните и завршните збортови траеа час и половина, а судијата кривичар Сашко Ѓорѓиев во штипскиот основен суд по завршување на рочиштето најави дека пресудата ќе биде објавена во среда на 12 февруари во 13 часот.
Почнува судењето против Фадил Зејнелов, осомничен за убиството на 29-годишната Емилија Пешева