Вести Економија Најважни

Пад на прометот од 22,12 проценти за време на вториот бојкот на маркетите

Пад на вкупниот промет за 22,12%, регистрираше Управата за јавни приходи по вчерашниот бојкот на маркетите. Ова е помалку споредено со минатиот петок, кога прометот во осумте најголеми маркети беше речиси преполовен.

Во однос на четвртокот за време на вчерашниот бојкот се издадени  74.495 фискални сметки помалку.

Втор петок граѓаните се организираа да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените производи.

При споредбата на регистрираниот промет на крајот на месецот односно деновите 31.01 и петок 07.02.2025 година треба да се имаат предвид различните фактори кои можат да влијаат на потрошувачките навики. Еден од тие фактори е тоа што голем дел од граѓаните примаат плата и пензии на почеток од месецот, што создава и промени во нивното потрошувачко однесување, соопштија од ујп.

Според дел од познавачите бојкот на маркетите не е решение, туку Владата е таа која треба да преземе мерки.

Имаме раст на цените – криви се маркети, ќе бојкотираме маркети. Извини јас не мислам дека маркетот е основан за да биде благовестие. Тој е основан за да му прави профит на газдата. И не очекувам да ми даде пониска цена ако не мора. И кој е одговорен тоа да го контролира? Тој што ме праќа да бојкотирам маркет – Владата. Оди бојкотирај маркети. Ама либерална економија е свртување на проблемот. Второ, не ги креваат цените само маркетите. А каде се производителите коишто се сите олигополи и оние кои што се потрошни добра. Храна, хигиена, тие работи. Сѐ се тоа неколку трговци во Македонија, велетрговци кои што се многу убаво координирани. Кој треба да го контролира пазарот? Маркетите? Не, Владата, рече универзитетскиот професот Ванчо Узунов во синоќешната Топ Тема на Телма.

Граѓаните се одлучија на ваков чекор по постојаниот раст на цените. Последната новогодишна кошничка Владата ја креираше со даден збор од трговиците. Тогаш, дел од производите поевтинија минимално, но другите драстично поскапеа. Ваквиот бојкот прво почна во Хрватска,  но потоа се рашири низ целиот регион.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе