Вести Македонија Најважни

Премиерот најавува „удар во чело“ за Судски совет

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување членовите на судски совет избрани од Собранието. Најавата дојде лично од премиерот Мицкоски на статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Подоцна во изјава за медиумите објаснуваше дека една од опциите е интерпелација, која, признава дека не значи разрешување, но се надева ќе се повлечат сами. Ако не го сторат тоа, најави дека имаат други механизми. Какви не кажа.

  • „Цениме дека треба да се удри во чело, да не се обидуваме да импровизираме, да правиме импланти итн. Ударот во чело подразбира дека сето она што е во ингеренции на, во случајот Парламентот, а тоа е изборот на оние членови на Судскиот совет, таму каде што се бираат, таму и да се изгласа интерпелација. Точно е тоа дека и покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација, тие можат да останат и понатаму да бидат дел од Судскиот совет. Но во услови кога тој што те избрал, ти гласа повторно недоверба и ти продолжуваш да водиш инает, тоа не е добро“, дополни премиерот Мицкоски.

Претседателот на Судски совет Камбовски го повтори својот став. Членовите на судски можат да бидат разршени само во Судски совет.

  • „Во повеќе наврати сум дал изјави, сум дал мислења во поглед на постапка за разрешување на членови на Советот. Единствено место каде што тоа е предвидено е во Законот за Судски совет. Иницијативи може да се поднесуваат до Собранието, секој има право да поднесува иницијативи. Сите во оваа држава, работиме согласно закон и Устав и немам причина да се сомневам дека и Собранието и Владата работат согласно тие принципи“ изјави Камбовски. 

Најавите за одговорност доаѓаат во време кога во правда под мониторинг на ЕУ се подготвува нов  закон за Судски совет кој треба меѓу другото да прецизира нови критериуми за избор и разршеувањето на членовите. Според реформската агенда договрена со Брисел, законот треба да биде донесен до јуни. Во планот за раст е предвидено, до крајот на годината да се изберат три нови члена од Собранието на кои редовно им истекува 6 годишниот мандат. Првиот уште во јули е Милјазим Мустафа, а во декември на Весна Дамева и Селим Адеми. Камбовски не коментираше дали, ако бидат резрешени пред време и бидат избрани нови членови по старите правила, ќе значи пресретнување на реформскиот процес.

Реагираше лидерот на СДСМ, Филипче. Потребни се темелни реформи за независно и ефикасно судство, но не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот Совет од страна на власта.

  • „СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чуствителен сегмент“ изјави Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Пред идејата за разрешување на петте члена , премиерот со месеци најавуваше распуштање на двата совети, ветување од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Денеска вели изминатите месеци се запознавал со начинот на функционирање на судско обвинителскиот систем. Сега, потврдува дека не може да го распушти, нешто на што од прв ден укажуваа експертите но и ЕУ

  • „Ние не можеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалиите. Но, можеме да избереме судски совет, којшто објективно без партиски стеги, без интереси, ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски на брифинг со новинарите рече дека судии и обвинители го барале за да договорат  средби со него, но тој не им одговарал и не сакал да има средби со нив.

Петорката избрана од Собранието се Селим Адеми, Павлина Црвенковска, Весна Дамева, Миљазим Мустафа и Тања Чачарова-Илиевска. Останатите 8 члена се судии избрани од нивните колеги.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотен бран ја гори Европа

Дејан Дејан

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе