Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината речиси тригодишна војна со Русија, но нагласи дека САД и Европа исто така ќе мора да учествуваат во какви било разговори.
Зеленски, кој долго време бараше сите руски војници да ја напуштат Украина како предуслов, во последните недели зборуваше за потребата од разговори за да се доведе конфликтот до „праведен“ крај.
Кремљ, чии сили напредуваат низ источна Украина со месеци, оваа недела соопшти дека е премногу рано да се размислува за четиринасочни разговори.
Портпаролот Дмитриј Песков повтори дека Зеленски е „нелегитимен“ лидер бидејќи останал на власт по истекот на неговиот мандат.
Претходно Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека Вашингтон и Москва веќе биле во контакт околу Украина, но висок руски дипломат рече дека директните контакти сè уште не се започнати.