Вести Македонија Најважни

Во сабота протест во Неготино за правда на Фросина

За во сабота се најавува голем протестен „Марш за правда“ во Неготино.

Го организираат другарките на Фросина, а во повикот вели дека за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протстот, ќе биде обезбеден бесплатен превоз до Неготино и назад.

Според најавата која се шири на социјалните медиуми од Скопје автобусите ќе поаѓаат во сабота во 11 часот пред хотелот „Холидеј Ин“, а со поканата учество се повикуваат да земат и студентите.

Се замолуваат сите кои се заинтересирани да се пријават за да може да се испланира бројот на лица кои се заинтересираниза да биде обезбеден превоз за сите.

Фросина Кулакова беше студент по мода, а нејзиниот живот згасна прерано, на 22 годишна возраст, кога преминувајќи прописно на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје околу 23 часот и 45 минути беше прегазена од 20 годишниот Васил Јованов кој кобната ноќ дивеел на скопските улици со возило кое му го купиле неговите родители иако се уште немал возачка дозвола.

Според информациите до сега Васил и претходно имал прекршочни сообраќајни пријави, а еднаш кривично одговарал и за поседување и продажба на дрога.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе