Вести Македонија Најважни

Осмата генерација влегува во судовите и обвинителствата, деветтата, иако го помина конкурсот, и по 10 месеци чека правна разврска

Цвеќе, сликање, класична музика и пофални зборови. Педесет идни судии и 47 обвинители ќе ги облечат тогите и ќе гонат и казнуваат криминал, а според правосудната власт со надеж дека повеќето од нив на огласите ќе ги пополнат испразнетите судови и обвинителства ширум земјата, а не само скопските судови и обвинителства.

Нивните наследници или 130 идни слушатели и по 10 месеци се заглавени во правен лавиринт. Откако антикорупциска го оспори конкурсот, а управните судови ја отфрлија жалбата на академијата, сега новиот состав на управниот одбор треба да донесе одулка, дали 130 кандидати ќе продолжат со обука за идни судии и обвинители.

Од академијата побарале и добиле одговор од владата уште во ноември, иако Владата одново се повикала на одлуката со која се запираат сите вработувања, за избрани до 14 февруари.

„На 30 седница на Владата одржана на 12.11.2024 година, одговори на барањето на Академијата за судии и јавни обвинители повикувајќи се на претходно донесените заклучоци од првата и третата седница на Владата, како и Известувањето на Министерството за финансии, а кои се однесуваат на потребата од запирање на постапки за вработување и унапредување по издадени согласности од Министерството за финансии за 2024 година, издадени до 14.2.2024 година и замрзнување на тие согласности“, се наведува во одговорот од Владата до Телма.

Сега, останува нејасно кој го кочи процесот за идните слушатели на академијата, која во моментов станува без ученици. Доколку управниот одбор одлучи да го уважи изборот на кандидатите од ланската година, неизвесно е дали министерството за финасии ќе издаде согласност за вработувања на тие кандидати. Во случај да ја поништи сопствената одлука огласот да се поништи и повтори, во тој случај академијата губи драгоцено време за производство на идни судии и обвинители, кусок на кој укажуваат и годишните извештаи на судскиот и обвинителскиот совет како најголем проблем на правосудниот систем.

Во сличен случај во 2017-та, тогашниот состав на Антикорупциската комисија одобри Академијата да вработува и да тестира кандидати. Тогаш во Владата беа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Управните судови пак сега сметаа дека двата случаи не биле исти, а претставката во Антикорупциска ја поднесе како кандидатка за Претседател, Гордана Силјановска Давкова.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе