Вести Најважни Свет

Пекинг со контрамерки за Вашингтон – почна трговската војна меѓу Кина и САД

Кина со контраудар кон САД. По воведените царини од почетокот на овој месец во висина од 10 отсто за кинески производи, Кина поднесе тужба пред Светската трговска организација (СТО) и најави дека од понеделник воведува свои царини за повеќекратен увоз од САД. Мерките ќе удрат врз различни сектори на економијата, од енергетиката до одделни американски компании.

„Почнувајќи од 10 февруари, ќе биде воведена тарифа од 15% за производите од јаглен и течен природен гас од САД, а, исто така, тарифа од 10% ќе биде наметната на сурова нафта, земјоделски машини, возила со голем мотор и пик-ап автомобили. Врз основа на сегашните тарифи, релевантни дополнителни тарифи ќе бидат наметнати на производите од САД наведени во продолжение“, Хуанг Фенг, водител на вести во Кина.

Со новите мерки на Кина се предвидуваат и нови извозни контроли на повеќе од 20-тина производи од метал, вклучувајќи и волфрам, критичен минерал кој се користи во индустријата и одбраната, како и телуриум кој се користи за правење на соларни ќелии. Кина е водечки производител на волфрам, со повеќе од 80% од светското производство на овој минерал.

Додека Кина е најголемиот светски производител, а САД имаат ограничен капацитет за производство на ретки метали, Трамп, изрази желба Украина да ги снабдува САД со ретки метали како надомест за финансиската помош од 300 милијарди долари која Вашингтон ја даде на Украина во нејзината војна против Русија.

Администрацијата на Трамп останува на ставот дека УСАИД е организација која трошела расипнички за несоодветни приоритети.. Портпаролката на Белата Куќа, Каролин Ливит наведе проект од 1,5 милиони долари за развој на различности и еднакви можности на работни места во Србија и 47.000 долари дадени за опера во Колумбија, која според неа била со трансродова содржина. Даночните обврзници во САД не сакаат да даваат пари за вакви глупави проекти и затоа Елон Маск е ставен да ја среди состојбата, рече Ливит.

Американскиот државен секретар Марко Рубио на своето прво патување во странство од Ел Салвадор изјави дека тој веќе е задолжен за независна агенцијата која обезбедува клучна помош во странство. УСАИД повеќе не е независна владина агенција, како што беше со децении, а нејзиниот нов статус најверојатно ќе биде оспорен на суд.

„Јас сум вршител на должноста директор на УСАИД. На некого му го доверив тоа овластување, но останувам во контакт со него. И повторно нашата цел беше да влеземе и да ја усогласиме нашата странска помош со националниот интерес. Има многу функции на УСАИД кои ќе продолжат, кои ќе бидат дел од американската надворешна политика, но таа мора да биде усогласена со американската надворешна политика“, изјави Марко Рубио, државен секретар на САД.

Илјадници вработени во УСАИД веќе се отпуштени и програмите беа затворени на само две недели по стапување на Доналд Трамп на власт. Ова ја истакнува моќта на милијардерот Илон Маск и неговиот Оддел за владина ефикасност во администрацијата на Трамп. Маск објави дека Трамп се договорил со него да ја затвори агенцијата, додека демократите во конгресот најавија судска разврска. На вработените во УСАИД не им беше дозволено да влезат во седиштето на агенцијата во Вашингтон, а полицајците ги блокираа демократите да влезат во фоајето. Демократите велат дека дека Трамп нема уставно овластување да го затвори УСАИД, без одобрение од Конгресот, што пак републиканецот го отфрли.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Во Извештајот и шпански јазик да стои дека се зборува во Македонија тоа ништо нема да придонесе ниту да го закочи евроинтеграцискиот процес

Дејан Дејан

Еврокомесарката Марта Кос пристигна да се увери во реформските чекори

Дејан Дејан

Кривична за директорот на „Национален парк Маврово“ – штета над 3 милиони денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе