Вести Македонија

Додека чека одлука дали ќе биде градоначалнички кандидат, Перински планира отповикување на градоначалници

Министерот за локална самоуправа е сигурен дека идниот градоначалник на Скопје ќе биде од неговата партија, но не открива дали тој ќе биде кандидат. Повтори дека следи партиска анкета, но дека последниот збор ќе го има партискиот лидер.

Министерот, кој не ја крие амбицијата за оваа градоначалничка позиција, во меѓувреме работи и на измени на Законот за локална самоуправа со кои се планира отповикување на градоначалници.

На третата презентација, организирана во Гостивар, беше потенцирано дека мал број на градоначалници до сега се однесувале девијантно, но новите измени ќе бидат креирани да ги спречат злоупотребите.

Домаќинот на настанот, в.д градоначалникот на Гостивар, го поддржува планираниот механизам.

Трите основни предложени измени во законот се референдумска можност за отповикување на градоначалник кој постапува несовесно или не ја извршува функцијата, воведување на комунални редари и поголема вклученост на граѓанскиот сектор при носењето на решенија.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе