Вести Култура

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Со промоција на стихозбирката „Рајсфершлус“ од Јулијана Величковска, денеска во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп ќе почне седмото издание на проектот „Добри гости“, кој иницира серија книжевни гостувања на автори од Скопје во внатрешноста на земјата на заеднички читања со локални автори, а во соработка со локални чинители.

Настанот е организиран од издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, во соработка со „МА Продукција“ од Прилеп и „Култура Бета“ од Скопје, а поддржан е од Општина Прилеп.

На седмото издание на „Добри гости“ во Прилеп ќе учествуват Нина Насеска, Славчо Ковилоски, Андреј Ал-Асади, Никола Дукоски, Игор Трпчески, Звонко Димоски, Оливера Андоноска, Марија Ангеловска, Андреј Медиќ Лазаревски, Филип Димкоски, Петар Петрески, Викторија Ангеловска, Габриела Стојаноска-Станоеска, Сузана Ѓеорѓиевска, Лина Димоска, Елена Јандреовски, Андријана Дукоска, Ели Луческа и Јулијана Величковска.

Промотор на стихозбирката „Рајсфершлус“ ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а потоа ќе следува и книжевното читање на кое ќе настапат сите учесници.

Серијата „Добри гости“ се состои од читање поезија и проза, емитување поетски и други краткометражни филмови поврзани со литературата, разговори со автори, издавачи, разни трибини, книжевни промоции, работилници и слично.

Како што соопштија организаторите, проектот досега се одржа во Штип, Тетово, Струмица, Демир Хисар, Куманово и Охрид, а планирани се гостувања во уште градови низ земјата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе