Вести Култура

Мултимедијална промоција на романот „Не ѝ верувај на баба ти“ на Натали Спасова

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечер ќе се одржи мултимедијална промоција на новиот роман на Натали Спасова, „Не ѝ верувај на баба ти“.

Ова е четврти роман на Спасова, по „Прва љубов во розевата улица“, „Запалка“ и „Двете принцези“, кои се преведени на украински, српски, бугарски и англиски јазик. Спасова е и драматург на театарските претстави „The Visitor“, „Dreamcatcher“, „The Last Slav on Earth“ и „Два пати Мери“, последната е работена според поглавје од нејзиниот нов роман, и ќе биде прикажана во хибридна верзија (видео запис со драмско читање) на вечерашната промоција.

Како што соопшти авторката, „Не ѝ верувај на баба ти“ раскажува за Анастасија, малолетничка која исчезнува на пат кон своето училиште. И додека сите новинари се во трка за подобро да ја покријат веста за нејзиното исчезнување, романот ги следи приказните на девет обични луѓе, кои никогаш не ја сретнале Анастасија, и најверојатно нема ниту да ја сретнат. Сепак, според Спасова, оваа книга не е за Анастасија, ниту за тие девет луѓе.

„Оваа книга е за општеството натоварено со мудрости од претходните генерации, кое гласно ги осудува различните, а ја премолчува вината на сличните, кое отвора очи да го види срамот на другите, а затвора пред нивните маки, и секогаш е зинато, дури и кога нема ништо паметно да каже“, вели авторката која е  уредник и издавач на романот. 

Неговото објавување е финансирано од Министерство за култура и туризам, може да се набави преку веб-страницата на Здружението за промоција на уметноста, културата и театарот „Скоро театар“ во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе