Останато Спорт

Превц победник на ски-летовите во Оберздорф (ВИДЕО)

Словенечка доминација на ски-летовите во Оберздорф. По вчерашниот триумф на Тими Зајц, денеска победа на Домен Превц за кого ова беше прв триумф по речиси шест години пауза во ски-летови.

Превц до победата стигна со скокови од 226,5 и 213,5 метри или вкупно 436,8 поени. Второто место го освои Норвежанецот Јохан Андре Форфанг со 3,6 поени помалку во однос на Словенецот, а место на победничкиот подиум имаше и за Михаел Хајбек од Австрија како третопласиран со 7,7 поени послаб резултат.

Во пласманот на ски-летови по две натпреварувања, Превц и Форфанг имаат по 160 бодови на врвот. Во генералниот поредок и натаму лидер е Даниел Човениг со 1.146 бодови, Јан Херл е втор со 1.043.

Следните две натпреварувања се во германски Вилинген идниот викенд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе