Вести Македонија Најважни

Во струшкиот Основен суд денес продoлжи расправата против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко

Во струшкиот Основен суд   денеска продолжи  главната расправа против градоначалникот на Струга Рамиз Мерко за незаконско назначување директори во основните училишта  во селата Подгорци, Лабуништа, Радолиште и Велешта.

Трите предмети за незаконско поставување директори, каде е обвинет  само Мерко, судијата Јордан Јованов ги спои во еден, додека за училиштето во Велешта  се води одвоен предмет, каде покрај злоупотреба на службена должност, 4 лица се обвинети и за  кривично дело фалсификување.  На предлог на одбарната на Мерко, денска пред судот сведочеше поранешниот министер за образование Јетон Шакири, кој рече дека додека бил на оваа функција до него не стигнале информации дека на основните училишта во Струга бил еназначувани вд директори кои не ги исполнуваат условите.

  • „Кај мене не е доставен предлог или извештај од Секторот за образование за конкретните ситуации. Причината не ми е позната. Знаете дека во Макеоднија има и други училишта каде институциите не можат да најдат соодветен човек“, вели Јетон Шакири, поранешен министер за образование.

Попладнево во Основниот суд во Струга  треба да започне судењето за  најновото обвинение на струшкиот градоначалник во кое тој  се товари за поттикнување етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, затоа што поставил спомен плоча на влезот од општинската зграда испишана на албански јазик, обележје за кое јавноста реагираше дека се велича фашистичката окупација. Судењето за предметот во кое Мерко е обвинет за злоупотреба на службата, затоа што набавил 4 службени возила меѓу кои е и луксузното ауди, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, ќе започне од почеток

  • „Сите предмети кога се променува судечкиот судија почнуваат од почеток“, вели Јордан Јованов, судија во Основен суд Струга.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко од лани е на црната листа на САД поради вмешаност во корупција и влијание во судски процеси , а веднаш потоа Обвинителство почна со поднесување на серија обвиненија . Во судовите во Струга и во Битола, против струшкиот градоначалник  се водат вкупно девет активни судски постапки, а  во секоја  му е запретена и затворска казна.

Емилија Мисирлиевска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Политиката на свиткана кичма, на предавства и лесно потпишување на договори нè доведе во оваа ситуација

Дејан Дејан

Предметот „Пулс“ пренесен во Скопје за понатамошна постапка

Дејан Дејан

АХВ со остри реакции на изјавите на градоначалникот на Струмица поврзан со квалитетот на вода за пиење

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе