Вести Македонија

Комунални претпријатија, училишта, болници, театри немаат пари за да си ги платат сметките за струја

Сите државни и јавни институции кои што не може да ги подмират сметките за потрошената струја се предмет на работа на владината т.н. „балансна група“ каде што единствена цел е да се најде решение како тие да обезбедат повеќе средства за сметките за електрична енергија.

Во моментов проблеми за обезбедување на пари за сметките за струја имаат голем број на установи од областа на културата, училишта, болници и секако јавните комунални претпријатија  а со дел од нив уште кон крајот на минатата година се разговарало во министерството за енергетика.

Од министерството се на став дека во ниеден случај тие нема да плаќаат 62 евра за мегават час како граѓаните и дека ќе мора да се снабдуваат на отворениот пазар. Оттаму додаваат дека приоритет е да ги подготват и обучат како да работат порентабилно и со помала потрошувачка на струја а се разгледува можноста Владата да понуди цена која е пониска од онаа што ја плаќаат во моментов и која што е на берзата а се со цел што е можно помалку средства до Буџетот да се трошат за оваа цел.

Јавните комунални претпријатија вчера со писмо преку министерството за енергетика побараа од Владата да плаќаат по 62 евра за мегават час, односно иста цена како за домаќинствата за да се избегне нередовно снабдување со вода на населението. Додека Владата и енергетика бараат решение, овие државни институции односно компании купуваат струја од ЕСМ или имаат склучено договори со приватни компании. Цената на струјата на отворен пазaр падна на 175 до 200 евра за мегават час.

Од Регулаторната комисија велат дека најголем дел од јавните комунални претпријатија  по закон, со струја треба да се снабдуваат на отворен пазар и така треба да остане и додаваат дека загубите на вода на овие претпријатија изнесуваат над 60 проценти и затоа регулаторите побараа тие да ја утврдуваат цената и за водата, а не да одредуваат само најниска и највисока цена, па потоа советите на општините да го имаат крајниот збор.

За време на енергетската криза општини, комуналните претпријатија но и компании со големи профити од отворен се префрлија на регулираниот пазар и трошеа поевтина струја која беше наменета за домаќинствата.

Oгнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самоопределување со нова победа на изборите во Косово, но за влада ќе мора да бара коалиционен партнер

Дејан Дејан

КОД: Избегал во странство наместо во затвор, судење кое трае деценија, роднини кои не знаат како е спроведена правда за смрт на нивни блиски во сообраќајни несреќи на пешачки премин

Дејан Дејан

Тошковски најави нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на „црни точки“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе